Економија

ДЗС: Се очекува зголемување на бројот вработени во деловните субјекти

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2017 година било 64,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

 

Според раководителите на деловните субјекти, економската состојба е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на април 2016 година. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.

Обезбеденоста на производството со порачки во однос на март 2017 е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а залихите на готовите производи сe зголемени.

Индикаторот, пак, на доверба во преработувачката индустрија во април 2017 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на април 2016 е зголемен за 2,6 процентни поени. 

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 23,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 16,4 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,4 проценти.