
Проектот кој е финасиран од ЕУ, започна да се спроведува од август 2009 година и треба да заврши во февруари 2011 година.
Донесување на постапки и стандарди кои се во согласност со најдобрите практики на ЕУ, обука на вработените во Царината, целосно запознавање на управата на царината со стандардите на ЕУ и подигање на јавната свест за улогата на царината се резултатите кои треба да се постигнат со овој проект.
Директрот на Македонската царина Ванчо Каргов нагласи дека нема никакви влошувања во однос на царинскиот долг напротив реформите предвидуваат некои бенифити за економските оператори.
- Во однос на банкарските гаранции и денес гаранцијата е стопостотна што значи дека царината и другите давачки се плаќаат 30 дена откако стоката ќе биде пуштена во промет. Со измените се овозможува флексибилност во однос на рокот да не биде само 30 дена тику може да е една или две недели и можност да се плати не веднаш по истекот на рокот, значи се дава флексибилност и за царинење и за плаќањето, исто така се дава можност за плаќање на тој долг на рати, истакна Каргов.
Според Каргов на овој начин се дава поголем избор на стопанствениците да го планираат своето работење и својата ликвидност. Истата ова практика се применувала и во Европската унија.
Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие![]() Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ... |
Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање![]() Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден... |
Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром![]() Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед. |
Македонија ќе извезува вино во Кина!![]() Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од... |