Живот и стил

За прв пат во Македонија – паметни боенки за најмладите (ФОТО)

Боенките се многу важни за развивањето на креативноста кај децата и уште од рана возраст им нудат можност креативно да се изразат. Но, со појавувањето на дигиталните уреди, децата почнаа да стануваат незаинтересирани за ваквиот начин на изразување. Затоа, овие боенки се мост помеѓу вистинскиот и дигиталниот свет.

Секоја од паметните боенки може да се користи заедно со специјално дизајнирана апликација која е наменета за смартфони и таблети, преку која оживуваат ликовите од боенката. Апликацијата ја детектира страницата од боенката и ги вчитува ликовите кои можат да зборуваат, да танцуваат и да кажуваат многу поучни работи!

Во кратки црти: 

  • Боенките се користат со апликација преку која ликовите оживуваат

  • Преку апликацијата камерата од смартфонот се насочува кон страниците од боенката и на екранот се појавуваат 3D ликови

  • Некои од ликовите зборуваат (на македонски јазик), танцуваат и кажуваат поучни работи

  • Во некои од боенките децата може да ги бојат цртежите и потоа да ги „оживеат“ со апликацијата во истите бои како што се обоени во боенката

  • Апликацијата може да се инсталира бесплатно заедно со боенките

Мобилната апликација за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).

За да може да се користи апликацијата, потребно е да го внесете кодот за активација кој се наоѓа под грепката на задната корица од боенката. Секоја боенка доаѓа со уникатен код за активација кој е генериран за секој примерок од боенката посебно. Од страна на издавачот се преземени сите мерки за заштита на кодот.

На задната корица од боенките е достапно упатство за инсталирање на апликацијата. По инсталирање на апликацијата, поставете ја боенката на рамна површина и насочете ја камерата од смартфонот или таблетот кон која било слика од боенката и почекајте да се појават ликовите од боенката.

Смарт боенките се работени по лиценца на BluEgg LLC, Москва, Русија, и се проект на студенти од Меѓународен Славјански Универзитеткој беше реализиран со помош на издавачката куќа на универзитетот. Проектот траеше 3 месеци (јуни, јули и август 2017), а на него работеа студенти од Факултетот за информатика и Факултетот за економија и организација на претприемништвото.

„Смарт боенки“ на fb (клик)

www.smartboenki.mk

Боенките се достапни во книжарницата на МЦСП при Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, а можете да ги порачате и преку интернет (клик)

За нарачки на поголеми количини – [email protected]