четврток, 22. февруари 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

Во Хјустон успешно раздвоени сијамски близначки

Во Хјустон успешно раздвоени сијамски близначки

Во детската болница во Хјустон, Тексас, успешно биле раздвоени сијамски близначки, родени 2016 година. Тие биле споени во делот на градниот кош и стомакот.

Операцијата е извршена пред точно еден месец и се покажа успешна, односно 13-месечните бебиња се во добра здравствена состојба. Засега лекарите не соопштуваат повеќе детали.

Сестрите близначки се родени на 29 декември 2016 во семејството на Џил и Мајкл Ричардс од северен Тексас.