Живот и стил

ВИДЕО: Тој има 12 а таа само 11 години: Не се другари, туку се верени еден за друг!

Египјанецот Насер Хасан организирал двојно славје, едно за свадбата на својот најстар син, а друго во чест на веридбата на својот помал син Омар со својата избраничка Гарам. Сето ова и немаше да биде така необично доколку во вториот случај не се работеше за деца од дванаесет, односно единаесет години.

Ниту на гостите на вереничката прослава возраста на парот не им била проблематична, затоа што како што пишуваат локалните медиуми „се работело само за веридба, а не за свадба“, пренесува Вашингтон Пост.

Египетските закони колку-толку ги штитат младите девојчиња и забрануваат стапување во брак под 18 години, но во пракса тоа не секогаш се почитува. Малолетни и понатаму се венчаваат, а законот се заобиколува така што тие формално стапуваат во брак кога ќе наполнат 18.

deca-1

Сепак, случајот со Омар и Гарам ја згрози светската јавност, особено активистите за правата на децата и жените. Фотографиите од нивната прослава се појавиле и во дневните весници во Египет на кои може да се види како момчето е дотерано во костум, а 11-годишното девојче носи фустан и има многу шминка на себе.

Шефот на центарот за правна помош на жените во Египет, Ред Елдабуки, инцидентот го пријавил во Националниот центар и во Јавното обвинителство.

-Веридбата на Омар и Гарам ќе доведе до ран брак кој на девојчето ќе му ускрати многу работи во животот, меѓу кои и нормално детство, шанса за образование, нормален човечки развој и ќе ја изолира од друштвените кругови, изјавил тој.

2deca-520x601

Хасан, таткото на Омар, за локалните медиуми изјавил дека ниту тој ниту неговиот син не направиле ништо погрешно. Тој тврдел дека парот се однесувал зрело и дека развиле силни чувства еден за друг комуницирајќи преку Фејсбук.

-Тој веќе одамна зборува дека ја сака и дека сакаат да се верат, изјавил таткото Хасан.

-Ја објавивме веридбата за другите да знаат да не ја просат и за да ја заштитиме во текот на нејзиното детство, додал тој.

Според податоците на УНИЦЕФ, 17 отсто од Египјанките се мажат пред да наполнат 18 години, а поголемиот дел од тие бракови се склучуваат во руралните подрачја.