Живот и стил

ВИДЕО: Перуанка и пркосеше на смртта во подивена река

Евангелина Каморо Диаз (32) стана нова перуанска хероина, откако успеа да преживее во разбеснетите води на надојдената река, која ја однела додека се движела на брегот.

peru

– Луѓето можеа само немо да гледаат како реката носи се пред себе, додека во еден момент од калливата вода не исплива жена, која едвај доплива до брегот, ијзави очевидец на настанот.

Дијаз подоцна за медиумите раскажа дека ја спасиле откорнатите дрвја што пловеле по реката.

Евангелина сега е во стабилна состојба, но има исеченици и модринки по телото.

Во поплавите и лизгање на земјиштето, предизвикани од обилните поројни дождови во регионот на главниот град на Перу, Лима, животите ги загубија најмалку 48 лица. Според перуанските медиуми, елементарните непогоди уништиле повеќе улици, училишта и фабрики во северниот дел од земјата.