Живот и стил

ТРАГЕДИЈА: Ја запросил девојка му, а таа кажала ДА- само неколку минути подоцна загинал од возбуда!

Маж во Јапонија загинал по пад од мост, бидејќи бил возбден откако девојката се согласила да стапи во брак со него.

 

Мажот на возраст од 32 години го запрел автомобилот на мостот Ираби во Јапонија, ја извел девојката надвор и ја запросил.

Од среќа што кажала „да“, се качил на оградата од мостот ги раширил рацете и по неколку моменти загубил рамнотежа, по што паднал во водата од 30 метри височина.

Неговото тело е пронајдено неколку часа подоцна во безживотна состојба. Полицијата соопшти дека мажот пиел алкохол пред трагедијата.

Инаку, мостот Ирабу (3,5 км) е отворен во 2015 година и ги поврзува јапонските острови Мијако и Ирабу.