Живот и стил

Сите луѓе во животот имаат две шанси да бидат среќни

Судејќи според експертите, најсреќни сме во крајно необични години. Нова студија открива дека младите луѓе и возрасните на прагот на седмата деценија, всушност се најсреќни луѓе.

Според истражувањата, врвот на среќата во животот на едно лице е меѓу 18 и 25 година и тоа задоволство во средните години опаѓа.

Меѓутоа, се смета и дека лицата во 60-тите години исто така се задоволни со својот живот, бидејќи сите стресови околу подигнувањето на децата и работата сега се зад нив, па се помирни.

Научниот соработник д-р Делиз Хачинсон смета дека луѓето имаат три клучни елементи на личната благосостојба: финансиска безбедност, силна врска и чувство на цел во животот.

Причина за смиреност и благосостојба е и тоа што  двајца од тројца испитаници сметаат дека финансиски подобро стојат од нивните родители кога биле на истите години.

– Перцепцијата за финансиската сигурност се подобрува од генерација во генерација, вели д-р Хачинсон, кој смета дека веројатно децата се подобро организирани од нивните родители кога биле на иста возраст.