Живот и стил

Родена е без раце-Излезе на сцена запеа, засвири и ги расплака сите (ВИДЕО)

Четиринаесет годишното девојче Лорелаи Моснегут која е родена без раце, ја расплака публиката и членовите на жирито во шоуто „Романија има талент“ со ангелскиот глас и со способноста да свири клавир со прстите на нозете.

devojce pee

Романските медиуми пишуваат дека станува збор за девојче кое е родено без раце и со деформација на нозете, а нејзината мајка ја напуштила веднаш по раѓањето.

Лорелаи подоцна била посвоена од Виорица Парван која исто така излезе на сцената на „Романија има талент“, како би и дала поддршка на својата ќерка.

Членовите на жирито на самиот почеток беа изненадени кога девојчето рече дека планира да испее песна и во исто време да ја свири на клавир, но набрзо нејзината изведба ги одушеви сите присутни.

Лорелаи досега напишала четири книги, а сето тоа успеала да го направи користејќи ги прстите на нозете.