Живот и стил

Работа од дома: Предност или ноќна мора?

Флексибилното работно време често умее да се претвори во вистинска ноќна мора за работниците, зашто тие тогаш стануваат достапни 24 часа.

Многу вработени имаат желба да работат од дома во компании за компјутерски системи, но тука постојат два проблеми, малку фирми нудат таква работна можност, а оние кои тоа го мудат настојуваат максимално да ги искористат работниците.

Во денешно време кога електронската пошта е достапна и преку мобилниот телефон, сигурно ќе се фатите самите себеси како и на одмор го проверувате службениот мејл.

Истражувањата покажуваат дека голем број од вработените имаат желба да имаат можност да работат од дома, но околу 11 отсто од компаниите нудат ваква можност.

Ваквиот вид работа посебно е поволна за мајки со мали деца.

Сепак, работата од дома најчесто подразбира прекувремена работа за да можете да ги исполните сите барања на работодавачот.

По осум часовен работен ден, некои работодавци очекуваат работникот уште да стои на располагање, да е вклучен во мрежа и работниот процес, покажува истражување спроведено во Германија.

Некои експерти во областа на работничките права во западните земји се залагаат во договорите за работа, но и во законите да стои одредница за право на недостапност, односно право на работникот да може да биде исклучен од работата по завршување на работниот ден.