петок, 16. ноември 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

Продале сè што имаат за да тргнат на пат, по два дена едвај ги спасиле и останаа без ништо

На новинарите им раскажале дека двајцата биле уморни од работата и дека две години ја планирале оваа авантура. Во меѓувреме Танер возел за Убер за дополнително да заработи. Во април лани продале се и купиле бродче кое го нарекле Lagniappe, но дури оваа година се одлучиле да тргнат на пат во нова животна авантура.
Продале сè што имаат за да тргнат на пат, по два дена едвај ги спасиле и останаа без ништо

Танер Бродвел и Ники Волш дале отказ и продале се што имале за да купат брод и да тргнат на пат околу светот. Меѓутоа, нивната авантура завршила по само два дена.

Двојката од Колорадо за бродот издвоиле 5.000 долари и уште толку дале за негово опремување. По два дена пловидба, удриле во непознат објект во близина на брегот во Флорида. Водата почнала да навлегува во бродот, а по 20 минути потонал. Танер и Ники успеале да повикаат помош, а го спасиле и двегодишното куче Реми и малку облека.

-Продадов се за да го направам ова, а се изгубивме за 20 минути, вели Тарнет за Tampa Bay Times.

Танер е роден во Флорида каде работел како маркетинг агент, а Ники ја запознал во Филаделфија. На новинарите им раскажале дека двајцата биле уморни од работата и дека две години ја планирале оваа авантура. Во меѓувреме Танер возел за Убер за дополнително да заработи. Во април лани продале се и купиле бродче кое го нарекле Lagniappe, но дури оваа година се одлучиле да тргнат на пат во нова животна авантура.

Два дена подоцна бродот со кој пловеле потонал, а крајбрежната стража им рекла дека ќе им требаат 10.000 долари за да го извадат бродот и да го сместат некаде. Танер и Ники во моментот имаат само 90 долари и им преостанува да се всеалт кај мајката на Танер и да побараат работа. Без оглед на се, не се откажуваат од соништата.

-Не можеме туку така да се откажеме од нашите сништа, вели Ники.