Живот и стил

Писмото кое го одржал нивниот брак до крајот на животот

Поминале полни 50 години во брак, а нивната врска ќе остане забележана како една од најубавите љубовни приказни. На денот на венчавањето славниот холивудски актер Пол Њуман и напишал писмо на својата сопруга, подеднакво славна актерка, Џоан Вудворд во кое опишал како го гледа нивниот иден брак.

Се венчале во 1958 година во Лас Вегас. Пол ѝго прочитал писмото на сопругата на денот на венчавката:

„Среќата во бракот-не е нешто што само така се случува. Добриот брак се создава. Уметноста во бракот е тоа што ситните нешта се големи нешта.

Никогаш да не бидат престари за да се држат за раце. Да се каже „Те сакам“, барем еднаш дневно. Да не се оди на спиење во кавга. Под никакви околности да не се зема однесувањето на другиот , здраво за готово.

Додворувањето не треба да се заврши со медениот месец, би требало да трае цел живот. Да се имаат заеднички вредности и цели. Заедно да се оди низ животот и да се создаде круг на љубов, кој ќе го собере целото семејство.

Да му удоволуваш на другиот, не поради должност и жртвување туку од радост. Биди благодарен и искажи ја својата благодарност. Да не се очекува од мажот да носи ореол ниту од жената да биде ангел. Да не се бара совршенство ниту кај едниот, ниту кај другиот.

Да се негува трпението, воздржаноста, разбирањето и смислата за хумор. Да се знае за простување и заборавање. Да се дава простор на другиот за да може да се развие. Да се даде место на духовноста. Заедно да се бара доброто и убавото.

Да се развие однос во кој независноста ќе биде еднаква, меѓусебна зависност, а обврските еднакво поделени. Да не се биде само брачен партнер, туку да се биде комплетен партнер.“

Иако верноста е речиси незамислива во Холивуд, славниот актер објаснил како сите тие години и останал верен на својата сакана Џоана: „Дома имам месен нарезок, зошто би одел некаде на хамбургер“- кажал еднаш на американските новинари.

Заедно проживеале 50 години, заедно глумеле, создавале, израснеле три ќерки. Во нивниот случај важи поговорката-„додека смртта не нè раздели“. Пол ја напуштил својата сакана Џоан во 2008 година по тешката борба со ракот на белите дробови.

Нивната врска ќе остане запаметена како една од најубавите љубовни приказни.