понеделник, 22. јануари 2018. Вести денес: 50
home Живот и стил

Ова момче правело 200 склекови дневно, еве какви се резултатите од оваа моќна вежба

Ова момче правело 200 склекови дневно, еве какви се резултатите од оваа моќна вежба

Ова момче еден месец правело 200 склекови дневно, а причината била да види како тоа ќе влијае на неговиот изглед.

Отсекогаш била актуелна дискусијата за тоа дали вежбањето во домашни услови може да донесе некакви резултати и дали со само една вежба може да постигнете видливи резултати. Многумина сметаат дека теретаната е неопходна за правилен и брз развој на телото, бидејќи нашето тело брзо се привикнува на одредени вежби кои по некое време сè помалку делуваат на нашето тело. Во таквите вежби се вбројуваат и “bodyweight” вежби, односно вежби кои ги правите со сопствена тежина.

Меѓутоа се поставува прашањето – дали склековите носат добри резултати?

Ова момче одлучило да го провери тоа и секој ден правел десет серии од 20 склекови и се трудел да прави што помалку паузи помеѓу сетовите. Тој вели дека тренингот во почетокот бил лесен, но со текот на времето станувал сè потежок бидејќи воспалението на мускулите почнало да му смета за време на вежбањето. Меѓутоа, со текот на времето, неговото тело почнало да се привикнува.

По еден месец, тој успеал да забележи резултати и еве што најмногу се променило: неговата дефиниција е значајно подобрена, но и неговата мускулна маса се зголемила. Тој видливо станал поголем и добил поубав физички изглед, имал поголема сила и енергија за извршување на секојдневните обврски, но и за други видови на тренинг.

Сепак, тој смета дека ваквиот начин на тренинг може да биде ефикасен само на краток рок бидејќи телото по еден месец станува толку навикнато на овој вид на тренинг што резултатите почнуваат да одат во надолна линија.