среда, 22. август 2018. Вести денес: 19
home Живот и стил

Ова е застрашувачката прогноза на Нострадамус за годинава!

Ако се земе предвид дека многу од неговите пророштва се исполниле, како француската револуција, слетувањето на месечината и атомската бомба, можеби и треба да се загрижиме за неговата прогноза за 2018-та година.
Ова е застрашувачката прогноза на Нострадамус за годинава!

Нострадамус е еден од најпознатите пророци, а за годинава тој предвидел некои навистина големи катастрофи.

Според него, годинава ќе еруптира вулканот Везув, а веднаш потоа ќе следува силен земјотрес. Во 2-те катастрофи, животот ќе го загубат 16.000 луѓе. Исто така тој предвидел уште еден земјотрес на западниот дел од САД кој би се почувствувал низ целиот свет.

Во неговите пророштва е запишано дека на почетокот на 21-ви век ќе избие војна во Франција која ќе се прошири низ останатиот дел од Европа. Тој тврдел дека по немирниот период од 20 години, во 2025 повторно ќе владее мир, но „малкумина ќе можат да уживаат во него.“

Нострадамус е роден како Мишел де Нотр Дам на 14-ти декември, 1503 година во Франција. Тој бил лекар, астролог и пророк. Неговата книга „Пророштва“ издадена е во милиони примероци и денес е најпознатата книга со пророштва. Првото издание се појавило во 1555 година, и од денот на издавањето привлекла многу внимание.

Се верува дека Нострадамус ја предвидувал иднината така што ставал вода во длабока чинија. Долго ја посматрал водата и му се појавувале визии за идните настани. Пророштвата ги пишувал во стихови и во малку завиена форма од страв да не го обвинат за вештерство. Делумно бил безбеден од такви обвинувања бидејќи ѝ бил миленик на Катарина Медичи, која била склона кон окултното.