Живот и стил

Народни верувања: Што не смее да се прави во петок?

Петок е ден за кој се поврзани можеби најмногу верувања, особено што долго време се сметал за „баксузен“.

petok

– Во петок никако не треба да се чешлате, затоа што се верува дека ќе добиете главоболка и косата побрзо ќе ви поседи.

– Често може да слушнете како постарите домаќинки велат дека во петок не се перат алишта, не се вклучува правосмукалка, ниту се прават било какви домашни работи. Некои велат дека не е добро ниту да се бањате и да ги сечете ноктите во петок зошто ќе привикате болести и беспарица.

– Се верува дека сите работи треба да се завршат во петок, а нови никако не треба да се започнат на овој ден.

– Уште една работа никако не треба да ја прави во петок, доколку сакате да имате пари!Се верува дека во петок никако не треба да се позајмуваат пари, а ниту да се враќаат долговите.

– Во некои домаќинства важи правилото дека во петок ништо не треба да се дава од дома, а особено не прехранбени намирници од животинско потекло.