Живот и стил

Наџа преживеала вистински пекол: „Сакам да бидам последна девојка на светот со приказна како мојата“ (ВИДЕО)

Наџа Мурад е 24 годишна девојка која Исламската држава ја држела како сексуална робинка, а таа сега проговори за ужасните работи кои ги доживеала.

Инаку, Наџа е припадничка на курдското малцинство Језида во Ирак.

Таа била една од околу 7.000 девојчиња и жени од Језида, кои ги киднапирале од нивното село во 2014 година

Терористите го уништиле градот Сињар, а на мажите им наредиле да преобратат или ги убивале.

Жените биле киднапирани и продадени како сексуални робинки.

Наџа тогаш останала без целото свое семејство, кое било брутално убиено од терористите, а неа на одвеле во Мосул.

Наџа во својата книга ги опишала сите ужаси кои ги преживеала. Сексуално изживување и насилство почнало штом ја сместиле во автобус за Мосул. Еден од џихадистите ја фатил за гради.

-Како да осетив оган. Никогаш претходно никој така не ме допрел. Моите солзи паднаа на неговата рака, но тој не престануваше, се присетува Наџа и додава дека ја однеле за пазар со робови.

Наџа ја купил еден судија, кому таа му била четврта сексуална робинка.

Била заробена во неговата куќа, каде ја претепувал и силувал секој ден.

Ја тепал ако би затворила очи додека ја силува и ја присилувал да лиже мед од неговите стапала.

Наџа пробала да избега, но набрзо ја фатиле. Тогаш, како што тврди, шест чувари групно ја силувале за казна, а потоа ја силувале и останатите џихадисти.

-Никогаш не знаете кој ќе отвори врата и ќе те нападне. Знаеш само дека тоа ќе се случи и дека може да биде уште полошо, раскажува Наџа.

Несреќата сепак некако успеала да избега од канџите на терористите.

Стигнала до избегличкиот камп во северен Ирак и стана една од 1.000 жени избрани за бегалската програма на германската влада минатата година.

Од тогаш работи како активистка и номинирана е за Нобелова награда за мир.

Во книгата таа порачува: „Сакам да бидам последна девојка на светот со приказна како мојата“.