Живот и стил

Можеби не сте ја ни забележале- еве за што служи вратичката на дното на машината за перење

Можеби не сте забележале дека на дното на машината за перење алишта има една вратичка.

perenje-520x351

Ако сте ја виделе, тогаш сигурно се прашувате за што служи таа, а кога ќе дознаете ќе се одушевите.

Во таа вратичка се наоѓаат сите ситници што сте ги загубиле за време на перењето, копчиња, парички и слично. Следниот пат кога ќе видите дека ви недостига нешто од облеката, проверите што се крие зад таа вратичка.

Сепак, кај сите машини не е исто, па затоа, ако знаете кај ви се наоѓа упатството за користење, побарајте го и прочитајте, пред да тргнете во потрага по исчезнатиот предмет.

И еден совет. Пред да ја отворите вратичката ставете легенче или крпа, бидејќи постои можност во тој дел да има и вода.