четврток, 24. мај 2018. Вести денес: 74
home Живот и стил

Моќта на мајчиното млеко: По смртта на своето бебе, со млекото спасила друго новороденче

-Се обидовме со формула, но таа добиваше осип и повраќаше. Таа беше интолерантна на формула, рекла 33-годишната мајка, објаснувајќи дека самата немала доволно млеко за да се измолзува.
Моќта на мајчиното млеко: По смртта на своето бебе, со млекото спасила друго новороденче

Џени Роџерс родила девојче во 31.недела од бременоста откако докторите откриле дека бебето е погодено од интраутеринско ограничување на растот.

Додека нејзиното бебе, Еверли, се борело за живот на интензивна нега, Џени го измолзувала своето млеко на секои три часа и го складирала во болничкиот фрижидер. Но малата Еверли починала кога имала 6 дена.

-Кога таа почина, не сакав да го фрлам во ѓубре моето со мака молзено млеко, изјавила 34.годишната мајка од Тексас.

Роџерс одлучила да ѝ го донира своето млеко на друга мајка на која тоа ѝ било очајно потребно, откако еден заедники пријател ги поврзал двете жени.

Бебето на Дајан Бурнет, Мерит, се борела со респираторен вирус и не можела да цица од својата мајка или да зема формула.

-Се обидовме со формула, но таа добиваше осип и повраќаше. Таа беше интолерантна на формула, рекла 33-годишната мајка, објаснувајќи дека самата немала доволно млеко за да се измолзува.

-Во тој период добив повик од еден пријател кој ми кажа дека Џени Роџерс сака да го донира своето млеко. Кога слушнав за Еверли, ми се скрши срцето, вели оваа мајка на две деца.

„Џени ја чувствувам како дел од семејството. Затоа секој ден и испраќам слики од Мерит. Таа е како нејзина втора мајка“, рече таа.

Извор: Мајка и дете