недела, 23. септември 2018. Вести денес: 53
home Живот и стил

Мистерија во американски град: Никој не знае зошто жените заболуваат од редок вид на рак

Мистерија во американски град: Никој не знае зошто жените заболуваат од редок вид на рак

Американката Џесика Боесмилер (37) е само една од многуте млади жени кои во последните 10 години заболеле од очен меланом, редок облик на рак на очите кои најчесто ги погодува повозрасните мажи, но не и во градот Хаунтерсвил во Северна Каролина.

Докторите не знаат што го предизивикува заболувањето и тоа за нив претставува вистинска мистерија.

На оваа млада мајка очниот меланом и е дијагностициран во осмиот месец од бременоста, но иако останала без едно око, родила здрави близнаци.

Овој рак погодува пет од милион луѓе и тоа најчесто се мажи во 60-тите години. Меѓутоа во последните 10 години во овој американски град повеќе од половина дијагностицирани случаи биле кај жени на возраст од 30 години.

Научниците и докторите кои го истражуваат овој редок вид на тумор велат дека не пронашле никаков генетски или еколошки причинител кој би можел да објасни зошто овој вид на тумор погодува голем дел од жителите на Хаунтерсвил.

Земјата и водата на тоа подрачје се тестирани и сите испитувања на токсини биле негативни.

-Не верувам дека станува збор за случајност. Премногу случаи на тој редок тумор има во нашата околина, вели Сју Колберт мајка на млада девојка која како последица на мистериозниот тумор починала во 2009-та година кога имала 28 години.