понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

Луѓето што живеат во оваа земја се најсреќни

Луѓето што живеат во оваа земја се најсреќни

Луѓето што живеат во Финска се најсреќни, покажа последната класификација што Обединетите нации ја прават секоја година на оваа тема.

Норвешка и Данска се на второ и трето место во петтиот годишен Извештај на ОН за среќата во светот.

Скандинавските земји традиционално ги заземаат првите места во оваа класификација, која се подготвува по повод Меѓународниот ден на среќата 20 март. Минатата година прва беше Норвешка, а една година претходно Данска.

Првата десетка за 2018 година ја сочинуваат и Шпанија, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Класификацијата се заснова на три фактори како што се просечниот животен век, социјалната поддршка и корупцијата. Оваа година првпат во критериумите се вклучени и мигрантите.

Еден од авторите на извештајот, почесниот професор по економија на Универзитетот на Британска Колумбија, Џон Хеливел изјави дека највпечатлив факт годинава е „регистрираната кохерентност меѓу среќата на мигрантите и локалните луѓе.

– Оние кои се селат во посреќни земји заработуваат, а оние кои одат во помалку среќни губат, изјави тој.

Мајк Викинг главен извршен директор на копенхашкиот Институт за истражување на среќата коментира дека разликата во среќата на мигрантите „покажува дека условите во кои живееме се од важно значење за нашиот квалитет на живот, дека среќата не е само прашање на избор“.

– Среќата во општеството најверојатно е заразна, истакна Хеливел.

Викинг ги објасни првите позиции на скандинавските земји со тоа што тие создаваат соодветни услови за добар живот. Нивните жители се радуваат на доволно лична слобода и социјална сигурност кои го надминуваат фактот дека тие ги плаќаат едни од највисоките даноци во светот, вели тој.

Викинг изјави дека скандинавските земји „се добри и во тоа да го претвораат богатството во благосостојба“.

САД во класификацијата годинава паднале од 14-то на 18-то место. Авторите на Извештајот тоа го објаснуваат со неколку фактори – влошување на кризата во здравственото осигурување, епидемијата на гојазност, големиот број наркозависници и луѓе што страдаат од психички растројства. Во земјата исто така има и поголема разлика во приходите во споредба со други богати земји.