Живот и стил

Љубовна приказна како од филм: Првата симпатија ме спаси од самоубиство и се оженив со неа 10 години подоцна

Оваа приказна ги има сите елементи на филмска бајка. Ја прочитаа повеќе од 242.000 луѓе, а над 30.500 гласаа за истата.

 

Кевин Џејмс Волш ја објави неговата приказна на „Quora“ како одговор на прашањето: „Дали сте имале момент во животот што се случува само во филмови?“

Кога имал 13 години, Кевин бил на летен камп каде ја запознал, како што вели, најубавата девојка на светот. Таа прва му прозборела и му рекла дека добро му стои црно. Двајцата се зближиле и станале добри пријатели додека биле во кампот, но останале во контакт и по летувањето.

Иако, во средно училиште контактирањето станало поретко, Кевин мислел на неговата прва симпатија секој ден.

-И денес, не можам да објаснам зошто, ама нешто во врска со неа едноставно остана со мене, вели тој.

Кога Кевин бил матурант поминувал низ многу тежок период и паднал во депресија, па решил да се самоубие и напишал проштално писмо. Но, 10 секунди пред да посегне по својот живот му заѕвонил телефонот од непознат број- тоа била девојката од кампот.

Ја прашал како е, а таа му одговорила дека еднотавно почувствувала потреба да му се јави.

-Не бевме во контакт веќе една година, а таа баш во тој момент реши да ми се јави…. Почувствува дека нешто не е во ред и ѝ признав дека сакав да се самоубијам, но ме разубеди и ме натера да ѝ ветам дека ќе ѝ се јавам следниот ден, вели Кевин.

Уште вечерта Кевин почнал да пишува порака со која, 10 години подоцна, ја запросил.

„Мојата филмска приказна? Првата симпатија ме спаси од самоубиство и се оженив со неа 10 години подоцна.“