Живот и стил

Кога е вистинското време да почнете да живеете со вашиот партнер?

Истражувањето што е спроведено на 168 луѓе покажало дека најсреќни се двојките што се венчале по 25 месеци врска. Но на среќниот брак влијаат уште некои работи.

mlad-par

Новото истражување покажало дека тие жени што имаат стабилен брак, пред венчавката биле со партнерот во врска во просек околу две и пол години. Долгите врски пред венчавката се добри бидејќи двојката има шанса подобро да се запознае и да помине низ некои работи што ги очекуваат подоцна во бракот.

Тоа што е многу важно за надминување на конфликтните ситуации е успешната комуникација.

Меѓутоа, иако постојат факти што укажуваат дека 25 месеци врска се доволни за да се запознае партнерот и доволни за да решите да живеете со него или да се венчате, сепак на тоа можат да влијаат и индивидуални фактори. Ова време е само некоја средна граница која ќе ви даде можност да го запознаете партнерот малку подобро.

Неопходно е и пред бракот да разговарате за важните прашања што се однесуваат на деца, религија, домашни миленичиња, начинот на живот, а најважно е дали се чувствувате среќно кога сте заедно.