понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 125
home Живот и стил

Го однеле бебето на доктор поради обична дамка: Се соочиле со пеколна битка за живот (ФОТО)

34-годишната Луиз од Лидс воочила необични промени во окото на својата ќерка, по што веднаш ја одвела во болница. Таму ѝ бил дијагностициран редок и непознат вирус поради кој црниот дроб целосно престанал да ѝ функционира.
Го однеле бебето на доктор поради обична дамка: Се соочиле со пеколна битка за живот (ФОТО)

Алис Жак, 15-месечно девојче било итно подложено на трансплантација на црниот дроб откако нејзината мајка ја одвела на лекар бидејќи во нејзиното око забележала необична жолта дамка, пишува Mirror.

34-годишната Луиз од Лидс воочила необични промени во окото на својата ќерка, по што веднаш ја одвела во болница. Таму ѝ бил дијагностициран редок и непознат вирус поради кој црниот дроб целосно престанал да ѝ функционира.

Шест дена откако било применo во болница, девојчето буквално се борело за живот.

-Тоа беше престрашно. Сите бевме во шок. Половина орган ѝ откажа за само една недела, по што мораше итно да биде ставена на дијализа со цел да ѝ се прочисти крвта, изјавила нејзината мајка Луиз.

Тие часови, Луиз ги опишува како “најлошото чекање во животот”, но кога операцијата конечно била завршена, мајката и таткото на Алис не можеле да здивнат бидејќи дошло до компликации поради што морале да ја подложат на уште една операција. Но, по другата операција, нејзината состојба се стабилизирала.

Алис била пуштена дома, но дневно прима дури 12 инјекции кои спречуваат нејзиното тело да го отфрли новиот орган. Но, покрај тоа, девојчето се чувствува добро.

-Едвај чекаме сè да се врати во нормала и Алис потполно да оздраве. Многу сме благодарни на неверојатните лекари и сестрите во болницата кои го спасија нашето девојче, вели Луиз.