Живот и стил

ФОТО: Запросување пред манастирот Острог

Младиот Миљан одлучи денес својата девојка Анѓела да ја побара за жена на свето место. Момчето пред манастирот Острог и предложи брак на девојката која со насмевка му одговори „ДА“.

 

На социјалните мрежи пристигнуваат голем број честитки за овој пар со коментари дека за запросувањето е одбрано вистинското место.

ФОТО: Фејсбук

Манастирот Острог е манастир кој се наоѓа на речиси вертикална карпа, високо на планината Острошка греда во Црна Гора. Овој манастир е посветен на Свети Василиј Чудотворец и се наоѓа во близина на Никшиќ, со спектакуларен поглед на Бјелопавличи.

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетеното светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во светот од страна на христијаните. Го основал Херцеговачкиот митрополит Василиј (1610-1671) во 17. век. Голем број луѓе го сметаат за место на вербата и чудата.