среда, 19. септември 2018. Вести денес: 139
home Живот и стил

ФОТО: Топ 5 хрватски острови кои вредат да се посетат!

ФОТО: Топ 5 хрватски острови кои вредат да се посетат!

За да не размислувате премногу каде да се разладите за време на топлите сончеви денови во следното лето, ние ви претставуваме неколку топ дестинации во Хрватска. Се работи за острови кои дефинитивно вредат да се посетат и каде ќе имате загарантирана забава и авантура.

1. Корчула

За островот Корчула или Црна Корчула се кријат голем број легенди, приказни и споменици какви што нема да имате можност да погледнете на други места. Корчула е островот на морето, сонцето, каменот и виното. Населението на овој остров претежно се занимава со винарство, па денес можете да уживате во најдобрите пијалаци таму. Островот има специфична местоположба со многу сонце, а богатата традиција и убавото море биле причина за развојот на туризмот. Многубројни необични заливи, топло море и сонце, здрава медитеранска храна и добри домаќини ја направија Корчула позната туристичка дестинација.

2. Брач

Овој остров е најголем во Далмација и еден од најголемите на Јадранското море со локација помеѓу Хвар и Сплит. Во светот Брач е познат по производството на белиот камен кој е употребуван за изработка на најпознатите градби како Белата Куќа, Парламентот во Виена и Рајштагот во Берлин. За време на летниот период овој остров има многу што да понуди, активности и избор за сместување. На овој остров постојат толку многу опции за да правите нешто интересно така што е невозможно да не пронајдете нешто што нема да ви одговара. Пучица и Супетар се најголемите места во Брач. Главни производи се маслиново масло, вино и овошје. Почнувајќи од богатата историја и наследството, уникатната гастрономија, прекрасните плажи, кристалното море, високо квалитетното сместување и гостопримството се работи кои гарантираат совршен одмор кој никогаш нема да го заборавите.

3. Хвар

Хвар е еден од најсончевите острови на целиот Медитерански простор, а изминатите години е омилена дестинација на премногу туристи. Лоциран е во централна Далмација помеѓу Брач и Корчула. Островот Хвар шири мирис на лаванда, која таму се одгледува во комбинација со мирисот на Јадранското море. Според зборовите на туристите кои еднаш го посетиле ова место, велат дека тие повторно се враќаат таму. На Хвар има фантастичен ноќен живот за време на летниот период, забави кои траат до раните утрински часови. Исто така гостите можат да уживаат во разноврсни културни настани како и да присуствуваат на многу музички настани доколку се љубители на класичната музика.

4. Мљет

Вљубениците во природата и историјата, оние кои ги сакаат тајните приказни и легенди, љубителите на кристално чистото море и нуркањето, недопрената природа и врвна кујна, задолжително мораат да го посетат Мљет. Оваа дестинација е позната како Одисеовиот остров, бидејќи се споменува во приказните на Одисеј. На овој остров можете да го погледнете единствениот природен феномен: на средината на островот се наоѓаат две поврзани езера со морска вода при што во средината се наоѓа поголемо островче со стариот бенедиктски манастир на Света Богородица, кој е инаку најважниот споменик за Мљет.

5. Вис

Овој остров е веројатно најчистиот дел од Јадранот, бидејќи е најоддалечениот остров од копното. Атракциите на Виса се главно природните убавини, кристалното чисто и незагадено море, земјата и воздухот. На јужната страна се наоѓаат интересни пештери и плажи кои настанале од брановите на морето. Они кои што се во потрага за мир и тишина, изолација од бучавата и племенита природна убавина, Вис е вистинскиот избор. Ова е совршена дестинација за парови, кои сакаат да уживаат во интимните моменти додека се на одмор. За време на летниот период овој остров добива нов живот, се организираат различни музички настани, спортски риболов и останати фестивали. Вис нуди разноврсни кулинарски искуства, храна направена исклучително од локални состојки. Доколку го посетите Вис ќе уживате во прекрасните пејзажи и ќе дознаете повеќе за секојдневниот живот на населението.