Живот и стил

ФОТО: Мајки, оваа порака истакната во скопска детска градинка треба да ви служи како лекција!

Секојдневието на мајките е брзо, динамично, преполно со обврски. Но, мајката не смее да заборави дека детето од неа очекува само една работа – внимание.

Читателка на КУРИР која вчера отиде да го земе своето детенце од скопска градинка ни ја испрати оваа фотографија, порака која е објавена на влезната врата од градинката. Родителите кои ја погледнаа оваа порака прво биле изненадени, но потоа и малку засрамени.

Оваа порака е важна лекција која ни ја порачуваат децата! Ве молиме истата сериозно да ја разгледате!

„Мамо, јас сум тука“

-Вашето дете цел ден чека на вас и среќно е што ве гледа! Среќни ли сте и вие што го гледате вашето дете?! Секојдневно гледаме деца кои се обидуваат на родителите да им покажат што направиле, а родителите не го тргнуваат погледот од телефонот, стои во дел од пораката!