Живот и стил

ФОТО: 7 годишно девојче кое ќе ни одржи лекција на сите-Со писмо побарало да работи во Гугл, ѝ одговорил лично извршниот директор

Клои Бриџвотер има само седум години, а веќе размислува за кариера. Ова седумгодишно девојче испратило молба за работа во Гугл, а добило одговор, ни помалку ни повеќе, туку од извршниот директор на компанијата – Сундар Пишаи.

Клои во писмото го напишала следното:

dete.png1

„Почитуван шефу на Гугл,

Моето име е Клои и кога ќе пораснам сакам да работам во Google. Исто така, сакам да работам и во фабрика за чоколади и да пливам на Олимписките игри. Мојот татко ми рече дека во Google можам да седам на вреќи за седење и да се спуштам низ тобогани. Сакам компјутери и роботи, а имам и таблет на кој играм игри.

Татко ми ми рече да ви ја испратам молбава. Не сум сигурна што е тоа, но ми рече дека писмото ќе биде доволно. Ви благодарам што го читате моето писмо.“

Набрзо откако го испратила писмото, пристигнал одговор од Гугл, и тоа од самиот извршен директор.

devojce

„Драга Клои,

Ти благодарам за писмото. Мило ми е што сакаш компјутери и роботи и се надевам дека ќе продолжиш да учиш за технологијата. Мислам дека ако продолжиш напорно да работиш и ако ги следиш своите соништа, можеш да постигнеш што и да посакаш – од работа во Google до пливање на Олимписките игри. Со нетрпение ја очекувам твојата пријава за работа кога ќе завршиш со школување!

Ви посакувам сè најдобро тебе и на твоето семејство,

Сундар Пишаи.“

Таткото на Клои, Енди Бриџвотер, го објавил одговорот на извршниот директор на својот профил на LinkedIn и стана главна тема на денот.