Живот и стил

Еве зошто е добро повремено да се туширате само со вода

Луѓето со чувствителна кожа често имаат проблеми со црвенило, лупење на кожата, чешање, чувство на стегање… Германски дерматолози ве советуваат што треба да направите за време на туширањето за да си ги олесните тие проблеми.

tusiranje

Луѓето со чувствителна кожа често имаат проблеми со црвенило, лупење на кожата, чешање, чувство на стегање. Германски дерматолози ве советуваат што треба да направите за време на туширањето за да си ги олесните тие проблеми.

Сапуните и геловите за туширање не се секогаш најдобриот начин за одржување на хигиената, особено кога станува збор за луѓе со многу чувствителна кожа, велат германски дерматолози. Натриум лаурил сулфат е силен емулгатор кој се наоѓа во геловите за туширање и миење и во сапуните. Но, освен тоа што ја симнува нечистотијата од кожата, ги отстранува и драгоцените заштитни слоеви на кожата, осносно липидите кои ја зацврснуваат кожата и ја чуваат од сушење и оштетување.

Токму затоа, на луѓето со чувствителна кожа им се препорачува повремено да се тушираат само со вода. Сапунот, без разлика колку е благ, ја суши кожата, а има и дезинфицирачки ефект, вели дерматологот Волфганг Кле. Некои сапуни содржат и антибактериски средства кои ја сушат кожата, како што се тетрасодиум ЕДТА (конзерванс и стабилизатор) и триклосан, хемикалија која многу ја суши кожата, а се поврзува и со нарушување на ендокриниот систем.

Поради тоа се препорачува избор на сапуни и гелови кои содржат природни антибактериски средства, како еукалиптус или масло од чајно дрво. Некои сапуни и гелови содржат и вештачки мириси кои на чувствителната кожа можат да предизвикаат алергии и да ја изиритираат, а честото туширање и миење со средства кои ја извлекуваат влагата може да доведе до чешање и лупење на кожата. Поимот за чувствителна кожа е прилично широк, па понекогаш ниту самите експерти не можат веднаш да ја препознаат вистинската причина за појава на симптомите како црвенило, лупење на кожата, чешање…

Таквите пациенти најчесто се жалат на козметички препарати, сапуни, препарати за заштита од сонцето, а воопшто не станува збор за класична алергиска реакција. На сите кои никако не можат да си го замислат туширањето без сапун или гел за туширање, им се препорачува да ги одберат оние најблагите и после туширањето на кожата да нанесат хидратантни креми и лосиони, за да и’ го вратат правилното ниво на влажност и масло.