среда, 26. септември 2018. Вести денес: 1
home Живот и стил

Чувајте се од некрстените денови- од утре до Богојавление ова не смеете да го правите

Чувајте се од некрстените денови- од утре до Богојавление ова не смеете да го правите

Од утре па се до Богојавление на 19 јануари траат, така наречените, некрстени денови.

Станува збор за верување според кое во ова време од годината, кога Исус се уште не бил крстен, земјата била отворена мртвите да излегуваат, а заедно со нив ѓаволите и другите демони.

Овие нечесни сили владеат од моментот на стемнување, па до моментот на разденување.

Поради тоа во народот се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет.

Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере.

Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.