понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Занимливости

За посреќна и поуспешна нова година: Овие работи не треба да ги правите

На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.
За посреќна и поуспешна нова година: Овие работи не треба да ги правите

Данците кршат чинии, Јапонците се смеат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко – сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година.

Германците веруваат дека вревата ги брка злите духови, па така во новогодишната ноќ одат по улица ударајќи во тапани и други инструменти.

Во Данска цела година чуваат чинии за на 31 да ги искршат пред влезната врата на домовите на своите пријатели. Со тоа пријателството е поцврсто па целта е да се искршат што повеќе чинии.

Бразилците на новогодишната ноќ се облекуваат во бело – носело среќа и мир. Ѕвоната во Јапонија се огласуваат 108 пати за да ги избрка исто толкавиот број на човечки слабости. По ова сите мора да се смеат за да ги избркаат злите духови.

Во Шпанија е обичај на полноќ да се изедат точно 12 зрна грозје, како во текот на сите 12 месеци во наредната година среќата би им била сојузник.

Голема љубов ги чека оние кои на Нова година ќе се бакнат под имела, веруваат жителите на САД.

А според едно верување распространето во светот на новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари.

На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.

Ако се јаде прасечко ќе се има напредок во идната година е верување во Србија и во Македонија.

Никако немојте!

-Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот

-Никако не се позајмуваат пари на 31 декември ни 1. јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми

-Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1. јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.

-Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.

-Не треба да се пере долна облека или чинии на 1. јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.

-Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.