Занимливости

ВИДЕО: Возеше камион и ракуваше телефон, она што го предизвика на автопатот ќе ве остави во шок

Драматична снимка која се појави на јутјуб каналот го потресе светот, а целта на видеото е да се извлече поука од користењето на мобилните телефони додека се седи зад воланот.

Видеото е направено на еден надвозник во Флорида минатата недела, а според полицискиот извештај сообраќајната несреќа се случила на 4 јануари кога Самуел Колон (49) го управувал камионот во кој што превезувал рециклирани материјали.

На снимката јасно се гледа дека непосредно пред несреќата возачот го управува камионот со едната рака, а со другата рака го држи својот мобилен телефон, што било доволна причина тој да предизвика директен судир.