Занимливости

ВИДЕО: Тајландската плажа каде што туристите ги пречекуваат мајмуни

Туристите кои го посетуваат Тајланд, поточно Monkey Beach ги дочекуваат голем број мајмуни кои се пријателски расположени. Таа плажа е дом на многу мајмуни кои уживаат и се капат во морето, но секогаш се подготвени да им пријдат на луѓето и малку да се забавуваат.

Плажата се наоѓа на островот Ко Фи Фи Дон на Тајланд, која е многу популарна туристичка дестинација. Туристите кои ја посетуваат се фотографираат со мајмуните кои воопшто не се плашат од луѓе.

Овие животни живеат на планината која се наоѓа недалеку од брегот, но со времето се научиле дека плажата е најубавото за место за пронаѓање овошје, семки, ракови, школки и остатоци од храна кои ги оставаат туристите.

Мајмуните, меѓутоа, понекогаш сакаат и да посегнат по џебовите и торбите, па затоа туристите неретко остануваат без очила или други работи кои ги носат со нив.