Занимливости

ВИДЕО: Професорка уценувала ученици да спијат со неа за повисока оценка

Професорка од Колумбија, Јокаста М (40) ги уценувала учениците да имаат секс со неа во замена за добри оценки, а целиот план го разоткрил еден ученик кој што се пожалил на своите родители.

Јокаста ги вознемирувала учениците и ги уценувала дека ќе им пишува ниски оценки доколку немале сексуален однос со неа. По пријавата ѝ се закануваат 40 години затвор.

Како што пренесуваат медиумите, се се случувало во периодот од јануари до април 2016 година кога професорката на ученици на 16 и 17 година им испраќала пораки на социјалните мрежи.

Исто така, на часовите ги барала и нивните телефонски броеви, со објаснување дека ќе им помага во учењето. Потоа на учениците им испраќале фотографии во кои провокативно позира.

Според пријавата, таа тинејџерите ги викала во својот стан.

По објавувањето на скандалот, нејзиниот сопруг побарал развод, а ѝ се заканува и голема казна затвор.

По апсењето, учениците на интернет ги објавиле нејзините фотографии.

– Ова е професорката Јокаста која што ни кажа дека ќе ни пишува ниски оценки доколку не спиеме со неа, стои во описот.

Фотографиите се прошириле низ Јужна Америка.