Занимливости

ВИДЕО: Орагутант бира партнер со помош на апликација на таблет

Женките имаат предност во бирањето.

Резерват за диви животни во Холандија воведува нов начин на работа со мајмуните, орангутаните и горилите. На женките им се покажуваат фотографии од машки горили и ги следат нивните емоции за да видат дали мажјакот им се допаѓа или не.

Откако ќе ја видат фотографијата, мајмуните треба да притиснат на екранот на таблетот, изјавиле вработените од резерватот.

„Според интересот што ќе го искажат за одредена фотографија знаеме дали им се допаѓа мажјакот или не“, изјавиле резерватот.

Но, за жал студијата морала да биде прекината бидејќи еден орагутант, женка го искршила таблетот откако и покажале потенцијални партнери.