Занимливости

ВИДЕО: Непријатна сцена на состанокот со францускиот претседател

Состанокот на францускиот претседател Емануел Макро со тројцата државни секретари беше прекинат на момент од црн лабрадор, на не баш пријатен начин.

Имено, додека Макрон разговарал со француските функционери во својата канцелари во Елисејската палата, во просторијата се појави двогодишниот лабрадор, Немо кој францускиот претседател и неговата сопруга го посвоиле од азил за кучиња и почнал да уринира покрај каминот.

„Јас се прашувам од каде доаѓа таа врева“ – прокоментирала секретарката. Реакцијата на кучето предизвикала општа смеа кај присутните.

„Дали ова често се случува?“ – прашал друг функционер.

„Предизвикавте потполно невообичаено однесување кај моето куче“ – изјавил Макрон низ смеа.