Занимливости

ВИДЕО: Како бебињата го гледаат светот околу себе во првата година

Децата кога ќе се родат не гледаат многу, разликуваат светло и темно, се им е како во магла и гледаат црно-бело.

За да им се избистри видот и светот околу себе да го гледаат во бои им треба малку време.

Оптичките нерви кај штотуку родените бебиња не се потполно формирани, а и на мозокот му треба да време да созрее за да може да ги процесуира сите работи кои доаѓаат до него.

Британскиот очен хируруг, др Ромеш Ангунавела направи интересен GIF кој покажува како видот на детето се менува од моментот на раѓање па се до првиот роденден.

Бебињата почнуваат да гледаат во боја со наполнети три месеци, а црвената е првата боја која идентификуваат.