Занимливости

Трета светска почнува на 13 мај, предвидува јасновидецот кој во 2015 рече Трамп влегува во Белата куќа

Според јасновидецот Хорасио Вијегас кој правилно предвиде дека Доналд Трамп ќе ја нападне Сирија, Третата светска војна ќе започне на 13 мај оваа година, пишува во средата „Дејли мирор“. Вијегас сам се прогласи за „светец на Бога”.

Тој уште во 2015 година прорече дека Доналд Трамп ќе стане новиот претседател на САД. Но тогаш уште нешто додаде – милијардерот, „крал на Илуминатите” ќе го воведе светот во Трета светска војна.

-Тоа ќе се случи на 13 мај оваа година, кога се навршуваат 100 години од првото појавување на Света Богородица од Фатима на 13 мај 1917 година во Португалија. Тогаш мајката на Христос предупреди дека ако Русија не биде вратена кон верата, Бог ќе ја искористи земјата за да предизвика многу беди во светот.

Оттука Вијегас прави заклучок дека Третата светска војна ќе започне еден век подоцна, на 13 мај, а ќе заврши на 13 октомври 2017 година.