Занимливости

Тие биле владетели на подземјето: Убивале, шверцувале и рушеле држави, а меѓу нив има и една жена (ФОТО+ВИДЕО)

Ал Капоне, Тото Рина и Пабло Ескобар само се некои од најопасните луѓе во светот на криминалот на историјата. Многу од нив веќе не се меѓу живите, додека за другите никој не знае каде се наоѓаат.

Овие луѓе се запишани во легендите на мафијата.

1.Семјон Могилевич

Еден од најбараните лица со потерница од ФБИ. Надимакот му е „Паметен бос“, затоа што завршил економски факултет. Роден е во Украина, а работите ги развил во Пенсилванија каде е баран за проневера на 150 милиони долари, до истокот на Европа каде што се бара за трговија на гас. Осомничен е за убиства, трговија со оружје и дрога. Инаку, Семјон има еврејско потекло и се смета за водач на сите други руски мафијашки главешини и најопасен припадник на руските злосторнички организации. За негово прибежиште и работно средиште се смета Москва.

2.Ал Капоне

Тој е мафијашла икона, со години беше над било кој закон. Растел во Бруклин, како едно од деветте деца. Веќе на 14 години, бил исфрлен од училиште затоа што ја удрил наставничката во лице. После тоа им се придружил на уличните банди. Тоа беше почеток на една голема мафијашка кариера. Бил на цело на италијанско-американската мафија од Чикаго, уживал во проституцијата и коцката, а за него се врзуваат бројни убиства, трговија со наркотици, кражби, подмитувања. Најпознат е по т.н. „Масакр на денот на заљубените“, кога убил седум членови на противничкиот клан. Паднал поради неплаќање на данок.

3.Чарлс „Лаки“ Лучијано

Се смета за татко на организираниот криминал во САД и одговорен за поделба на Њујорк на пет мафијашки семејства. Бил исто така прв шеф на семејството Џеновезе. Босот од Њујорк го изградил денешниот модел на мафијата, створувајќи голем профит на криминал. Познатиот пејач Френк Синатра важел за негов пријател. Протеран е во Италија во 1946 година.

4.Пабло Ескобар

Почнал со кражби на надгробни споменици и набрзо влегол во продажба на кокаин. Поради бескруполозните амбиции го изградил познатиот колумбиски картел, кој контролирал 80 проценти од сите пратки на таа дрога во САД, поради што стана еден од 10-те најбогати луѓе на светот. Одговорен е за смрт на три претседателски кандидати во државата, државен обвинител, министер за правда, повеќе од 200 судии, десетина новинари, повеќе од 1.000 полицајци и голем број цивили. Пред да биде убиен во 1993 година располагал со богатство од 30 милијарди долари. Гробот стана место каде чест му оддаваат неговите обожаватели и туристите сакаат да се сликаат крај неговата гробница.

5.Џон Готи

Се смета за еден од последните босови во холивудски стил и запаметен е како криминалец кој успешно го избегнувал затворот. Стана вода на мафијашкиот клан Гамбино во 198 година, после убиството на дотогашниот кум Пол Кастељано. Во медиумите беше познат како „Дон Уреден“, затоа што секогаш бил среден и носел скапи одела. ФБИ го обвини за рекетирања и убиство, во 1992 година е осуден на доживотен затвор, каде и починал.

6.Хисајуки Мачи

Корејските јакузи се најприсутни и најдоминантни на криминалната сцена во Јапонија покрај фактот дека Корејците биле во подредена положба во јапонското друштво. Родениот Кореец кариерата ја започнал во Јапонија после Втората светска војна. Брзо напредувал на црниот пазар, а се занимавал со туризам, проституција и увоз на нафта. Хисајуки Мачи бил основач на јапонската криминална банда Тосеи-Каи. Станува збор за озлогласената јакуза банда која делувала со строго почитување на правилата и многу насилство. Преку мафијата ги поврзал Јапонија и Јужна Кореја. Се повлекол во 1980 година и никогаш не бил изведен пред суд, а починал во 2002 година.

7.Тони Акардо

Антонио Џосеф Акардо односно Тони Акардо, бил познат под називот „Голема туна“. Тој е прав пример за американските приказни за успонот од сиромав до богаташ, со криминален заплет. Како дете бил ситен криминалец кој доста време поминувал во билијард клубовите во Чикаго.

Ал Капоне и Џек Мек Гарн го регрутирале во банда. Наводно неколку пати му го спасувал животот на Ал Капоне и се домогнал до власт набрзо откако Ал Капоне е осуден поради затајување данок. Цел живот го избегнувал апсењето, а починал на 86 години од проблеми со срцето.

8.Салваторе Тото Рина

Своите први мафијашки чекори ги направил многу млад, пред полнолетството. Бил син на сиромашен селанец, роден на 16 ноеври 1930 година во ослогласеното село на Корлеоне, недалеку од Палермо. Корлеоне светската слава ја стекнал благодарејќи на трилогијата „Кум“, а неговиот живот по многу работи личеше на мафијашките босови од филмовите. Уапсен е во 1993 година поради повеќе од 100 убиства, а надимакот „Тото“ го добил како револвераш на мафијата. Се смета за одговорен за Втората мафијашка војна во 1980 година, од која излегол како победник. Почина во ноември 2017 година во затвор.

9.Давуд Ибрахим

Еден од најопасните луѓе на светот, а надимакот му е „Донот од Мумбај“.Почнал как криумчар на злато, а стигнал до еден од клучните луѓе на светската терористичка мрежа која имала врски со Ал Каеда. Се смета за организатор на терористичкиот напад во Мумбај во кој стотина луѓе загинаа, како и нападот од 2008 година на хотели. Не е познато кај се наоѓа, а има сомнежи дека има милијарди долари имот од Малезија до истокот на Африка.

10.Си Чаипинг

Владееше со кинески град од преку 30 милиони жители со години. Кога во 2009 година беше уапсена откриено е дека ја држале локалната полицијата и официјалните лица од власта. Имала бројни луксузни автомобили и вили и имала харем од околу 16 млади мажи.