четврток, 19. април 2018. Вести денес: 162
home Занимливости

Светот е во голема опасност: На Земјата има 6 активни вулкани кои би можеле да еруптираат во 2018 година

Вулканските активности кои најмногу привлекуваат внимание се одвиваат долж Огнениот појас на Пацификот
Светот е во голема опасност: На Земјата има 6 активни вулкани кои би можеле да еруптираат во 2018 година

Додека во светот одредени вулкани покажуваат знаци на смирување, други во наредната година би можече да имаат ерупции, поради што експертите внимателно ја следат состојбата, пишува Дејли мејл.

Во текстот е наведува дека вулканските активности кои највеќе го привлекуваат вниманието на научниците, се одвиваат долж Огнениот појас на Пацификот, подрачје во Тихиот океан кое претставува место на спојување на неколку тектонски плочи.

Британскиот весник наведува и неколку вулкани во континенталниот дел од Земјата, како Ол Доињо Ленгај во Танзанија, потоа островски како Хаваи, како и подводните во близина на островот Тонга- Кермадек на југозападот на Пацификот.

Се наведува и дека шест вулкани кои би можеле да имаат ерупција оваа година се Кирисима во Јапонија, Мерапи во Индонезија, Орефајокул во Исланд, Попокатепетл во Мексико, Вилјарика во Чиле и Килауеа во САД.