недела, 23. септември 2018. Вести денес: 53
home Занимливости

Снаодливи луѓе: Во оваа земја алкохолот е забранет дури и за Нова година, но тие најдоа одличен начин да ги изиграат правилата (ФОТО)

Забраната за пиење алкохол на јавни на Коромандел стапува на сила во текот на новогодошните празници, а за прекрушање следи парична казна од 250 долари(180 американски долари) или пак затворска казна.
Снаодливи луѓе: Во оваа земја алкохолот е забранет дури и за Нова година, но тие најдоа одличен начин да ги изиграат правилата (ФОТО)

Група Новозеланѓани во неделата попладне направиле мало песочно островче кај градот Таируа на полустровот Коромадел, како би избегнале забрана за пиење алкохол на јавни места, пренесе Би-Би-Си.

Откако го направиле островот, поставиле на него клупички и донеле рачни фрижидери со пијалак. Тие се шегувале дека се во меѓународни води и да поради тоа не одговараат поради официјалната забрана за пиење алкохол.

Групата „киви“, што е популарен назив за жителите на Нов Зеланд, така влезе во Новата година со алкохолен пијалот и огномет, а нивниот остров и понатаму стои на своето место.

Забраната за пиење алкохол на јавни на Коромандел стапува на сила во текот на новогодошните празници, а за прекрушање следи парична казна од 250 долари(180 американски долари) или пак затворска казна. Меѓутоа, локалните влассти во добар дух ја прифатија несекојдневната иницијатива на креативните граѓани на Нов Зеланд.

Фотографиите од вештачкото островче се поставени на Фејсбук. Локалното официјално лице Ноди Вотс вели дека забраната не функционира и дека едноставно дошло до бран апсења.

-Полицијата се занимаваше со пијани тинејџери. Тие не се тука поради тоа. Родителите треба да бидат тука поради тоа, истакна Вотс, додавајќи дека полицијата е фрустрирана поради тоа и сака промена.