Занимливости

Скриен рај на земјата: Ова се најновите острови во светот (ФОТО)

Во последните неколку децении во океаните воочени се неколку нови острови.

Хунга Ха’апаи, Тонга

Повеќе од еден месец, во 2015. година подводниот вулкан во Пацификот исфрлаше пепел и магма високо во воздухот. Во областа позната како „Огнен прстен“ се формираше нов остров, наречен Хунга Тонга, Тој се простира на површина од 1.55 квадратни километри.

Џадид и Шолан, Јемен

Тие се појавија во 2011. и 2013. година во Црвеното море меѓу Африка и Арапскиот остров. Научниците сметаат дека тектонските активности, кои доведоа до формирање на овие два острови можат да откријат досега незабележана вулканска активност во таа област.

Нишиносима, Јапонија

Пред четири години, по вулканска ерупција во Пацификот се роди еден мал остров кој продолжи да расте, се додека не се припои со островот Нишиношима, во негова близина. Јапонската крајбрежна стража во 2015. соопшти дека островот пораснал за 12 пати во однос на неговата првобитна големина.

The world’s youngest islands, located off the coast of Japan, formed in two explosive phases, says researchers. Two underwater volcanoes erupted forty years apart to form one active volcanic island, but researchers have discovered exactly how it formed in two explosive phases. After witnessing creation of a volcanic islet and investigating the ’emplacement of lava flows in the sea’, researchers reveal it was created by ‘Surtseyan’ and ‘Strombolian’ eruptions. ____________________________ #volcano #volcanoeruption #volcanoes #volcanos #vulkan #volcanic #eruption #geography #geographic #natgeo #japan #japan🇯🇵 #island #pacific #pacificocean #pacifico #pacifica #oceano #ocean #explosive #explosion #discovery #discoverearth #discover #earthfocus #earthpix #awesome_earthpix #awesomeview #amazingview #worldcaptures

A post shared by SPACE CLUB by eric e. (@spaceclub) on

Залзаха Кох, Пакистан

Сателитските снимки покажаа дека по земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, 233 килемтри југоисточно од Далбандина во Пакистан, од морето се издигнал островот Залзала. Не помина многу време, пред туристите да тргнат по освојување на островот и покрај предупредувањата дека од пукнатини на тлото излегува токсична пареа. Површината на овој рамен остров е прекриена со мртви морски суштества, кал и песок.

Хоум Риф, Тонга

Хоум Риф е всушност „вечен остров“ кој се раѓа, еродира, повторно формира, па повторно еродира и се така до недоглед. Причината за оваа појава е подводен вулкан во Јужниот Пацифик, недалеку од островите Лате и Вава во вулканскиот појас Тофа во Тонга. Островот досега се формираше во 1852, 1857, 1984 и 2006 година.

Метис Шоал, Тонга

Станува збор за копно над подводен вулкан, сместено меѓу островите Као и Лате во Тонга. Вулканот за прв пат е забележан во 1851. година кога магма и пепел формираа остров на морската површина, кој пак, водените струи бргу го разрушија. Последниот случај беше во 1995. година кога над водата се издигна остров со висина од 43 метри.