Занимливости

ШОКАНТНА ТЕОРИЈА ЗА ПОТОНУВАЊЕТО НА ВЕКОТ: Титаник воопшто не потонал (ВИДЕО)

Веќе знаеме дека за потонуњате на бродот Титаник има многу теории на заговор. Сега се појави и нова шокантна теорија за потонувањето на Титаник во април 1912 година, кога животот го изгубија 1.500 патници и членови на екипажот.

 

Според таа верзија бродот кој потонал не бил Титаник, туку Олимпик, кој бил идентичен на Титаник.

Олимпик бил направен една година порано и бил случајно оштетен, меѓутоа осигурувањето не ги покривало тие трошоци. Како би извлекле пари, компанијата Вајт стар Лајн, која била сопственик на бродот, смислила случај на векот. Компанијата во тајност одлучила да ги замени бородовите пред испловувањето од брегот.

Сакале да го пуштат постариот и оштетен брод Олимпик, наместо новиот Титаник, да исценираат несреќа и полесно да дојдат до пари од осигурувањето. Мислеле да изрежираат некоја хаварија и да евакуираат патниците на бродовите во близина и на крајот да профитираат.

Наводно поради тоа капетанот намерно удрил во сантата мраз. Меѓутоа суровата реалност е дека стариот Олимпик потонал пребрзо за патниците да бидат спасени, а најблиските бродови не биле доволно блиску за да го спасат поголемиот број на патници.