среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

ШОК: Патник во авион пронашол нешто кое е најстрого забрането да се види

Си-ен-ен објави дека не сакале јавно да го откријат документот до крајот на натпреварот „Супер боул“ бидејќи Министерството изразило загриженост дека објавувањето на таквите вести може да ја загрози безбедноста на 73.000 посетители на овој настан.
ШОК: Патник во авион пронашол нешто кое е најстрого забрането да се види

Еден патник во преграда од авионско седиште пронашол, ни помалку ни повеќе, тајни документи на американската влада, кои биле „од големо значење за безбедноста на татковината“ и кои ја носеле назнаката „само за службена употреба“.

Патникот бил новинар на Си-ен-ен, кој констатирал дека документите содржат доверливи антитерористички информации во врска со организацијата на американскиот „Супер боул“.

Станувало збор за документ на американското Министерство за внатрешна безбедност, кој во џебот од седиштето бил заборавен заедно со пасош и рутата на научник кој бил задолжен за спроведување протокол во врска со биотероризам, односно злоупотреба на антракс за време на мегапопуларниот спортски настан „Супер боул“, кој годинава се одржа Минеаполис.

Станува забор за вообичаено упатство што се применува пред секој поголем настан, а е поврзано со серија активности насочени кон спречување терористички напади.

Си-ен-ен објави дека не сакале јавно да го откријат документот до крајот на натпреварот „Супер боул“ бидејќи Министерството изразило загриженост дека објавувањето на таквите вести може да ја загрози безбедноста на 73.000 посетители на овој настан.

Медиумската куќа исто така одлучила да не објавува премногу информации за содржината на документите за да не се предизвика загрозување на националната безбедност.