вторник, 21. август 2018. Вести денес: 9
home Занимливости

ШОК: Од небо падна огромно ледено парче, чистач избегна сигурна смрт (ВИДЕО)

Чистачот Серхиј Мјешков рече дека е „среќен што останал жив".
ШОК: Од небо падна огромно ледено парче, чистач избегна сигурна смрт (ВИДЕО)

Чистач на улици и еден минувач избегнаа голема незгода кога среде лондонска улица од небо падна големо парче мраз.

Настанот го снимила камера поставена во една блиска такси компанија.

Чистачот Серхиј Мјешков рече дека е „среќен што останал жив”.

-Ја исчистив другата страна на улицата и потоа слушнав гласен тресок. Парче мраз, можеби тешко и 10 килограми, падна или од авион или од небо. Се се случи многу брзо па не бев исплашен. Сепак, можев да завршам мртов на патот, рече за лондонските медиуми.

Друг минувач рече дека се звучело како да паднал метеорит.

Се претпоставува дека мразот паднал од авион кој се приближувал кон лондонскиот аеродром Хитроу, еден од најпрометните во Европа.