понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 124
home Занимливости

Се породи на денот на својата венчавка: Сред првиот танц и пукна воденикот

Во еден момент танцував со маж ми, а во другиот е раѓаше нашата ќерка. Беше тоа големо изненадување, но го направи денот на нашата венчавка уште повеќе посебен, кажа Британката Дани Моунтфорт.
Се породи на денот на својата венчавка: Сред првиот танц и пукна воденикот

Гостите на венчавката на 19 годишната Дани и 18 годишниот Карл Моунтфорд во Вест Мидлендс славеле без младите откако на бремената невеста и пукнал воденикот во текот на првиот танц.

-Во еден момент танцував со маж ми, а во другиот е раѓаше нашата ќерка. Беше тоа големо изненадување, но го направи денот на нашата венчавка уште повеќе посебен. Додека танцувавме почуствував како нешто ми тече низ ногата. Во фустанот бев се додека не ме однесоа во болничката сала. Цела беше натопена со плодна вода, раскажува за Мирор младата мајка.

Свадбената веселба Дани и Карл ја напуштиле во 22:30, но гостите останале и прославиле без нив.

-Не успеавме да ја исечеме ниту свадбената торта. Јасмин е добро и таа е дефинитивно најубавиот свадбен подарок кој го добивме, изјави Дани која неколку дена после породувањето со бебето е пуштена дома.