Занимливости

Само вакви фризури смеат да имаат: Северна Кореја одреди како мора да се шишаат и мажите и жените (ФОТО)

Владата на Северна Кореја објави илустрација од 15 фризури за жени и за мажи кои можат да ги бараат од фризерите.

 

Во салоните ширум Пјонгјанг се појавија илустрации со прифатливите фризури, но како што пишува „Дејли мејл“, ниту една од нив не личи на препознатливата фризура на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Жените од Северна Кореја на кои им се допаѓа кратка или долга на некоја од познатите личности, не би смееле од фризерот да бараат да и ги ишиша така, затоа што ќе ги прекршат правилата.

severna koreja frizura 2

Додека девојките можат да носат шишки, плетенки и шноли во косата, на омажените жени им се препорачува кратка коса, фризура налик на сопругата на Ким.

severna koreja frizura 3

Правилата важат и за мажите кои мораат да имаат кратко потстрижена и средена коса. Тие мораат да се шишаат на секои од 15 дена, а должинатана влакното не смее да помине пет сантиметри.

severna koreja frizura 4

Како што наведува весникот, властите на оваа азиска земја сакаат да ги оттргнат граѓаните од емитирање на западниот стил.