Занимливости

Сакате да гледате на кафе, треба да знаете дека постојат одредени правила за тоа

Гледањето во шоља кафе потекнува уште од стара Кина. Имено, во древното минато кинезите ја читале судбината од шоља чај. На европските простори, римјаните први ја задржале оваа традиција.

За да знаете добро да ги читате симболите кои ги испишува кафето по шољата потребно ви е:

– Добра интуиција

– Добро познавање на симболите, и, секако,

– Добар вид.

1. Шољата треба да ја држите во десна рака додека го пиете кафето. Пожелно е нејзината внатрешност да биде бела за полесно читање на симболите.

2. Според некои методи, кафето мора да се испие во 3 или во 7 голтки. Ова е прашање на избор – може, но и не мора. Кога ќе го испиете кафето треба да направите кружен потег од десно кон лево и да ја превртите шољата. Оставете неколку минути да се исцеди на тацна, хартија или ткаенина.

3. Немојте да ја притискате додека се суши, така ќе го пореметите формирањето на фигурите.

4. Читачот на кафе ја држи шољата така што рачката треба да биде од десна страна.

Географија на шољата

Делот околу рачката и левата страна од раката ја претставува линоста на која и се чита.

Левата страна од рачката до половина од левата страна на шољата е времето кое поминува, другата страна од рачката е времето кое доаѓа, десната страна од рачката е љубовниот партнер, сопруг, сопруга. Горе до работ на шољата е сегашноста и блиската иднина, а на дното е далечната иднина.

Дното на шољата е несреќна област.

Карактеристики на талогот од кафето

1. Доколку шољата е исполнета со јасни фигури кои прават богат релјеф значи дека станува збор за личност со динамичен живот или пак е во фаза на бурни настани.

2. Ако шољата е исполнета со ситни и прецизни фигури, станува збор за личност која точно знае што прави. Секој нејзин/негов потег  точно испланиран.

3. Симболите кои се во близина на рачката се случки и настани кои се врзани со домот.

4. Никако не ја занемарувајте големината на симболите. Големите симболи имаат поголемо значење од ситните, едвај видливи.

5. Ако талогот е со темно кафена боја (непроѕирен) тогаш станува збор за самоуверена личнст.

6. Ако талогот е светол и проѕирен, личноста е сигурно вознемирана и незадоволна. Психолошки гледано, тоа е емотивна и премногу чувствителна личност.

7. Не треба да се вознемирите ако немате успех при првото гледање на кафе. За оваа вештина ви е потребно време, трпение и искуство.