понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 23
home Занимливости

Сѐ што треба да знаете за Јарците: Тие секогаш го остваруваат она коешто го замислуваат!

Сѐ што треба да знаете за Јарците: Тие секогаш го остваруваат она коешто го замислуваат!

Не постојат попретпазливи и посомничави луѓе од Јарците, но исто така, никој од нив не е толку упорен и методичен при остварување на своите цели.

Тие стоички ќе поднесат и по некој пораз, па особено аскетски тврдоглаво ќе ги трпат сите можни ограничувања, само за да успеат да го оствара она што го наумиле, без оглед на тоа дали се работи за љубов или работа…

Најдобриот пријател на овие луѓе е времето, затоа што тие секогаш имаат време за да ги чекаат и конечно да ги дочекаат своите пет минути, додека нивното најсилно оружје е трпеливоста, поради која секогаш стигаат на својата цел, откако многу други веќе „кренале раце од се“. Сето добро што ова тивко и неупадливо сушстество ќе го добие е секогаш заслужено, затоа што во тоа е вложено многу работа и труд кои обично никој околу нив не ги забележува, затоа што тие не сакаат да се истакнуваат и да привлекуваат многу внимание.

Ова е знак чиј елемент е Земја. Промислени се, организирани и методични, но истовремено и подготвени конструктивно да делуваат кога и да им се даде поволна можност за тоа.

Сигурност и внимателност

Тие секогаш одат на сигурно, откако ќе ги направат сите анализи и процени на сите околности, затоа што на тој начин постигнуваат најдобар учинок со минимални порази. Одлично го проценуваат вистинскиот момент за делување и никогаш нема да влезат во „војна“ која не можат да ја добијат. Во состојба се речиси совршено да ги распоредат своите сили и потенцијали.

Лошо е тоа што поради силниот фокус на целта, во состојба се да запостават се друго од својот живот, што може да води да се оддалечат од своите блиски и сакани. Факт е дека Јарците не сакаат баш да се потпираат на другите и се што постигнале, постигнале сами без ничија помош, иако одредени егоистични примери од овој знак без грижа на совест би искористиле некои луѓе под максимата „целта ги оправдува средствата“.

Но, сепак, повеќето скромно чекори од дното кон врвот, вредно одејќи скала по скала и скокајќи препрека по препрека до патот кон успехот. Јарецот, за разлика од Лавот, не сака да успее поради славата и публицитетот, за нив успехот има сосема материјална вредност и мерливст. Материјалните добра им даваат чувство на сигурност.

Ова се конкретни луѓе и многу исполнителни, кои секогаш се раководат според тоа дека од зборови треба да се премине на дела. Не губат време на фантазирање кое нема допирна точка со реалноста, тие не се плашат од работа и долгиот пат кој е пред нив, затоа што знаат дека и најдолгиот пат почнува со првиот чекор.

Логиката доминира…

Пред да тргнат, тие добро ќе размислат, но кога ќе тргнат, никој и ништо нема да ги обесхрабри и да ги запре. Родените во овој знак имаат силно чувство на одговорност и кога еднаш ќе прифатат, на нив можете да се потпрете. Но, немојте да ги искористувате, затоа што и покрај тоа што успешно ги контролираат чувствата, нивниот логичен ум е во состојба многу лесно да ги прочита туѓите намери, а со оглед на тоа дека почитта е на највисокото место во нивниот систем на вредности, ако еднаш ја изгубите таа почит, нема шанси да ја вратите назад.

Ова „злопаметило“ тешко дека ќе ви ја прости и заборави нанесената неправда. Од друга страна, нивната склоност кон самотија е одраз на несигурноста во себе или губење на контрола над луѓето, околностите и сопствениот живот.

Традиционални и неретко ултра конзервативни, Јарците се како вино – што постари толку подобри. Во младоста прифаќаат многу одговорности, посериозни се од своите врсници, а некои од нив уште на рана возраст се откажуваат од многу работи за да се усовршат во одредена работа.

Но, во зрелите години, често ја доживуваат својата „втора младост“, затоа што кога многу од нивните врсници стануваат сериозни и притиснати од товарот на животните обрвски и одговорности, тие тогаш ја откриваат својата друга, весела и духовита страна и својот млад дух кој е секогаш тука, скриен под оклопот на дисциплината, стравот, внимателноста и одговорноста.