понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Занимливости

По 40 дена мрак, над Мурманск конечно изгреа сонце (ФОТО)

По 40 дена мрак, над Мурманск конечно изгреа сонце (ФОТО)

Жителите на најголемата градска населба во поларниот круг со воодушевување ја дочекаа светлината на денот по долгата поларна ноќ.

За повеќето луѓе сонцето изгрева секој ден, но не и за жителите на Мурманск (1800 километри од Москва), најголемиот град во поларниот круг. Тие не ја земаат сончевата светлина здраво за готово.

Во текот на последните месеци од 2017 година поларната ноќ траеше дури 40 дена. Сонцето не се појавуваше над хоризонтот. За среќа, тоа не значи дека владееше целосен мрак. Повеќе беше како самрак. Па сепак, малкумина се радуваат на овој период од годината. Можете да си замислете колку жителите на Мурманск се израдуваа кога на 12 јануари 2018 година конечно дочекаа изгрејсонце.

Како и секоја година, многумина од нив се собраа на посебно место надвор од градот – Солнечнаја Горка (сончево брдо) да го дочекаат првото раѓање на сонцето во новата година. Неколку стотици луѓе го прославија овој настан со шолја топол чај, музика и танц, но не можеа долго да ги впиваат долго посакуваните зраци. Сонцето ги грееше само 34 минути, но со приближувањето на пролетта на небото ќе се задржува сѐ подолго, така што ќе имаат доволно можности да уживаат во него.