Занимливости

Пет работи кои ги учевме на училиште, а не се вистина

Во светот на науката непрестано доаѓаат нови откритија, така што постојат работи кои постарите генерации ги учеле во училиште, а со време се докажале дека се невистински.

Дијамантот е најтврдиот минерал на светот

Најтврдата структура на светот е наноповрзаниот кубен бор-нитрид.

Салемските вештерки биле палени

Иако ширум светот било распространето мислењето дека вештерките од Салем биле палени, сепак тие биле осудувани на смрт со бесење.

Египетските пирамиди биле градени од еврејските робови

Пирамидите ги граделе египетски работници зашто Евреите во тоа време не ни постоеле. Експертите тврдат дека работниците добиле и сопствени крипти во пирамидите.

Хартијата не може да се превитка повеќе од седум пати

Група студенти во 2012. година успеала наслаги од тоалетна хартија да ги превиткаат 13 пати.

Големиот кинески ѕид е најголемата градба која може да се види од Вселената

Првиот кинески астронаут признал дека не успеал да го види ѕидот додека патувал во Вселената.